-->
-->
Два пожари вчера во околината на Велес, повредени нема
-->
Во СВР Велес било пријавено дека вчера рано утрото во 05:56 часот во воениот магацин на Армијата пред село Сујаклари, велешко настанал пожар на бандера на која има кабли за електрична енергија. Од екипа на Територијалната противпожарна единица Велес пожарот бил брзо изгаснат, а повредени лица нема, информираат денеска од СВР Велес.
Втор пожар се случил вчера попладне во населбата Речеани, а кој во 17:15 часот бил пријавен во СВР Велес. Пожарот зафатил сува трева и неколку родни дрва, сопственост на 42-годишниот С.К. од Скопје. Од екипа на Територијалната противпожарна единица Велес пожарот бил брзо изгаснат, а повредени лица нема, информираат денеска од СВР Велес.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Џевдет Хајредини
-
Таравари: ВРЕДИ во Владата ќе има 6 министерства и претседател на Собрание
-
Силјановска со културна дипломатија ги затоплува односите во Бугарија
-
Преспанскиот договор - Секојдневна тема во Атина
-
Детектор анкета: Секој трет размислува да се исели од Македонија
-
Уставен Суд ќе бира нов претседател, Кацарска без право на реизбор
-
Поројниот дожд направи штети, ЦУК апелира на внимателност
-
Недостигаат најмалку двајца инспектори за контрола во водниот сообраќај