ДУИ тргнува од Дебар, ќе води интерактивна кампања со директни средби со граѓаните
Најпрво благодарност за вашето ангажирање за следење на првата прес-конференција на Централниот Изборен Штаб на ДУИ, во денот кога и официјално започна предизборната кампања. Како што веќе знаете, Централниот Совет на Демократската Унија за Интеграција одлучи нашиот субјект да учествува на Претседателските избори 2019, при што го основивме и централниот партиски штаб, како и општинските штабови во сите 35 општински ограноци на ДУИ.
Демократска Унија за Интеграција во ова изборна кампања влегува подготвена и тоа во два сегмента, за претседателските избори во земјата и тие за Градоначалник на Општина Дебар каде има предвремени избори за Градоначалник.
Ние како Демократска Унија за Интеграција сме мобилизирани, сите – активистите и раководството на партијата за да го означиме следниот успех.
Конкретно, Демократската Унија за Интеграција од денес има свои партиски претставници во сите нивоа, како и илјадници активисти, кои во секое населено место ќе ја проследат нашата определба за овие претседателски и локални избори.
Демократската Унија за Интеграција на овие избори е определена за концептот ЗА НАТО, ЗА Европска Унија, ЗА заедничкиот консензуален претседател а не за евро скептицизам и скептицизам кон НАТО.
ДУИ е определена за инсталирање на концептот на консензуалност за главните прашања во земјата, како што е и прашањето за избор на претседател на Република Северна Македонија. По успешното заокружување на нормативниот дел од Охридскиот Договор, по потпишувањето на историските договори со соседите, по уставните измени кои го отворија патот на перспективата за нашата земја, Македонија во 2019 година е европска Македонија на која и треба Претседател поддржан со консензус помеѓу заедниците во земјата. Затоа и сме максимално спремни за Претседателските избори на 21 април, затоа што на земјата повеќе од никогаш и треба Претседател прифатен од сите. 2019 година е година на големи одлуки за Западен Балкан и само еден ваков Претседател најдобро би успеел да ја балансира тежината на одлуките кои не очекуваат.
Ние сме убедени дека патот на Северна Македонија кон НАТО и ЕУ е неповратен, но тој може да се успори во случај на не избор на еден кандидат чии приоритет е забрзување на овој процес.
На овие избори, ДУИ ќе има модерна и интер-активна кампања со директни средби со граѓаните, од куќа во куќа и секаде каде е потребно за да се истакне дека патот за НАТО и ЕУ е поставен и не може да се сопре.
Веќе е дефинирана агендата на ЦИШ, како и агендата на општинските штабови, кои што ќе имаат посебна паралелна агенда од централниот штаб и секако нашиот фокус е што повеќе граѓани да се мобилизираат и да ја изразат нивната волја, волја која не недостасува кај нашите граѓани за да означат уште еден важен чекор во насока на забрзување на нашиот пат за да станеме членска на големото европско и евроатланско семејство. Посебен интерес на ДУИ е ова кампања и овие избори да поминат во мирна, коректна, демократска и празнична атмосфера, како и доликува на една европска земја и нашите граѓани да имаат можност слободно да изберат заеднички Претседател. Почитувани присутни,
Нашите активности во наредните денови ќе се концентрираат во повеќе општини, конкретно денес ќе се отворат штабови во општините Сарај, Бутел, Студеничани и во другите општини, каде што сигурно ќе имаме можност да се сретнеме со граѓаните и непосредно да комуницираме во врска со нивните барања и потреби. Концептот, идејата, визијата на ДУИ секогаш се водела и се води од најдобриот интерес на граѓаните, затоа и во ова изборна битка сме убедени, повеќе од било кога дека граѓаните ќе дадат максимална поддршка.
Кампањата ја започнавме во Дебар и ќе ја завршиме во Дебар.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Оваа Влада не ги дели граѓаните по етничка основа
-
Блинкен вели дека 8.000 Севернокорејци на границата со Русија се подготвени за борба со Украина
-
Донесен законот за неработна недела за трговците во Федерацијата Босна и Херцеговина
-
Алкалоид бележи позитивни финансиски резултати
-
УНИЦЕФ: Најмалку по едно дете гине секој ден во Либан
-
Уставниот суд укина одредба од Правилото за сместување и ред во Армијата која се однесува на слободно вршење на верски обреди
-
Апасиев праша за признавање на Палестина, премиерот Мицкоски повика на мир
-
МВР: Зголемен бројот на фишинг-напади и случаи на лажно претставување во име на МВР и директорот на БЈБ, граѓаните да не ги отвораат овие пораки