Државниот санитарен и здравствен инспекторат ја затвори приватната болница Санте плус
Министерството за здравство извести дека вчера од страна на Државниот санитарен и здравствен инспекторат е извршен вонреден инспекциски надзор во ПЗУ Свети Лазар (Моја Болница-Санте плус),
во однос на почитување на законската регулатива.
„При надзорот се констатирани недостатоци, заради што од страна на ДСЗИ, записнички и со решение е дадена забрана за работа се до отстранување на констатираните недостатоци“, извести Министерството за здравство.
Во соопштението од таму не се појаснува за што точно се работи и какви се констатираните недостатоци.
Од болницата ја транспортирале родилката на државните клиники, и од таму тврдат дека таа била однесена жива во КАРИЛ, но од КАРИЛ се децидни дека таму е однесена почината.
Нејзиното бебе се наоѓа на Клиниката за детски болести од каде потврдија дека бебето е во тешка но, стабилна состојба.
„Бебето е стабилно, но уште е во критична состојбата. Се уште е на апарати за дишење, денеска ќе се направи уште една контрола така што се надеваме дека ќе успее да се извлече иако е донесено со крвавење на мозокот“, изјави Катерина Ставриќ директорка на Клиниката за детски болести.
Министерството за здравство формираше комисија која го истражува случајот со смртта на младата родилка.
Ново на Сител
-
Вучиќ најави дека утре ќе отпатува во Њујорк за да се спротивстави на усвојувањето на резолуцијата за Сребреница
-
Лидерите на „ВРЕДИ“ на средба со Албин Курти
-
Нетанјаху го обвини Ганц дека „му дал ултиматум на премиерот, наместо на Хамас"
-
Маск пристигна на Бали поради планираната достапност на интернет услугата Старлинк
-
Првата официјална посета во странство на претседателката Сиљановска Давкова во Ватикан и Рим
-
Каселакис до Мицотакис: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве Ви шанса да го поништите, но нема да го сторите тоа
-
Приведен дилер во Битола за издржување затворска казна
-
ЦУК: Поплавени подруми и гаража во охридско од поројниот дожд