Државни награди за ученици по виолина, флејта и хармоника од Кочани
Ученици од Основното музичко училиште „Ристо Јуруков“ во Кочани што изучуваат виолина, флејта и хармоника освоија прва, втора и трета награда на Државниот натпревар по музика, што се одржа во Скопје.
Директорката на музичкото училиште Елизабета Горгиева, истакнува дека наградите се плод на едногодишната работа на учениците и наставниците и тие се повеке од очекувани.
Под менторство на наставничката по виолина, Драгана Трифуновиќ, а во пијано-придружба на проф. Марија Лазарова, прва награда освоија Тамара Охомуш и Иван Милосов, а со трета награда се вратија Марија Магдалена Божинова, Горица Јанева, Уна Гранков и Бојана Николова.
Мартина Пулковска, Јована Андова, Елена Чучуковска, Милена Златкова и Бисера Маркова освоија втора награда на Државниот, а Јована Благонова беше втора на Регионалниот натпревар по флејта. Нивната професорка Јованка Милојевиќ им се заблагодари за трудот и посветеноста на учениците и на пијано-соработничката, проф. Ивана Карова.
Во класата на проф. Слободан Трајанов, прва награда по хармоника освои ученикот Филип Стоименов, а трета добија: Кристијан Ставрев,
Бојан Костовски и Љупче Митев.
Ново на Сител
-
Самит ЕУ - Западен Балкан
-
Тема на денот со Ана Чупевска, потпретседателка на СДСМ
-
Самит ЕУ - Западен Балкан
-
Сетек со роденденска понуда - Попусти до 60%
-
Преглед на вестите од светот
-
Потерници за Груби и Бајрами на сајтот на МВР
-
Политички реакции – Кој е виновен за бегството на Груби?
-
Предметите за висока корупција се чуваат долго, а најчесто завршуваат и на повторно судење