Македонија
11. January 2017 - 13:33

Драма во Чегране: Брат брата нападнал со шрафцигер, таткото ги одвоил

СВР Тетово до ОЈО Гостивар поднесе кривична пријава против А.Б. (49) од с.Чегране, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело “загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“.
 
На 24.11.2016 година околу 15,30 часот во непосредна близина на чајџилницата во село Чегране-гостиварско, настанала вербална расправија помеѓу него и неговиот брат поради нерасчистени имотни правни односи, при 
што пријавениот физички го нападнал својот брат, а во еден момент од возилото успеал да земе и еден штрафцигер со кој се обидел повторно да го нападне брат му.
 
Во натамошното вршење на кривичното дело бил спречен од неговиот татко, а оштетениот случајот го пријавил ПС Гостивар.