Донирани 200 скафандери во здравствениот дом Крива Паланка
Директорот на Здравствениот дом од Крива Паланка информираше дека благодарение на хумани и совесни сограѓани од Општината, добиена е донација од двесте заштитни скафандери.
– Во овие тешки моменти кога сите се бориме со невидливиот непријател Ковид-19, како директор на ЈЗУ Здравствен дом „Академик Проф. Д-р Димитар Арсов“ – Крива Паланка, упатувам благодарност до локалните бизнисмени од нашата општина за донацијата од пет апарати за концентриран кислород со кои се олеснува дишењето на пациентите. Исто така, информирам дека пристигнати се 200 скафандери, донација од семејството на доскорешниот пратеник, министер и наш сограѓанин, Љупчо Николовски. Помош која ни е од особено значење во делот на заштитата на нашите вработени. Овие донации се повеќе од значајни за нашиот здравствен дом, како и оние над 1000 заштитни маски кои беа донирани од страна на конфекциите од градот, рече Стаменковски.
Посочи граѓаните да ги почитуваат препораките на надлежните и да се придржуваат кон мерките, бидејќи само така, помагајќи си на себе, ќе помогнеме и на сите други во борбата со ова невидливо зло.
Ново на Сител
-
Таравари очекува мерки и за лекарите во клиниката Козле
-
Здравствените работници се вакцинираат против сезонски грип
-
Информатичките науки столб за секој бизнис
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со историчарот Митко Панов
-
Соработка помеѓу Државниот завод за статистика и УГД - Штип
-
ММФ прогнозира раст од 2,2% за Македонија
-
Остри реакции на помилувањата од претседателката