Донесен законот за неработна недела за трговците во Федерацијата Босна и Херцеговина
Домот на народите на Парламентот на Федерацијата Босна и Херцеговина (ФБиХ) денеска го усвои Законот за внатрешна трговија со кој се воведува неработна недела во продавниците. Со оглед на тоа што истиот закон претходно беше усвоен од Претставничкиот дом на Парламентот на ФБиХ, тој ќе стапи на сила осум дена по објавувањето во „Службен весник на ФБиХ“.
Во согласност со тој закон, работодавачите се обврзани да ги усогласат работата и деловното работење, а законот вклучува и амандман на Владата на ФБиХ со кој се овозможува локалните заедници да бидат изземени од примената на членовите од законот во посебни ситуации.
Законот ја дефинира забраната за работа на дуќаните и пазарите во недела, а можат да работат цвеќарници, пекари, сувенирници со предмети од стари и традиционални занаети.
Забраната за работа во недела не се однесува на продажните објекти кои се наоѓаат внатре или се составен дел на железнички и автобуски станици, аеродроми, хотели, области на културни и верски објекти, музеи и природни паркови…
Неработната недела не важи за аптеките кои работат 24 часа.
За законот гласаа 55 делегати, тројца беа воздржани, а еден беше против.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Пожар во Струга
-
Неприфатливи се барањата на компаниите за зголемување на цената на струјата
-
РЕК Битола: Стожерот на македонската енергетика исправен пред бројни предизвици
-
Обвинителството уште го чека обдукцискиот наод за 14 месечното бебе кое почина на Детска
-
Пациентите со ХИВ стравуваат дека ќе останат без терапија
-
Инфлацијата забавува, каматите паѓаат, економијата заздравува
-
Moнтеко: Совршени вина од лозови насади на 600 метри надморска височина во Кратовскиот регион