Донација од Чешка од 108.000 заштитни и 18.000 маски тип ffp2/n95 и 5.000 медицински скафандери
5.000 медицински скафандери, 108.000 заштитни и 18.000 маски тип FFP2/N95, Чешка и донираше на Македонија. Вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров, кој присуствуваше на примопредавањето на донацијата истакна дека додека ги чекаме вакцините фокусот на владата е да обезбеди заштитен материјал за оние во првите борбени редови.
На настанот се обрати и чешкиот амбасадор Мирослав Томан кој истакна дека пријателите се познаваат во тешки времиња. Се надевам дека што поскоро ќе се вратиме во нормалниот живот рече Томан.
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Беким Максути рече дека ова е чин на повеќе од пријателство и дека Чешка е вистински поддржувач на земјава.
Донацијата е обезбедена преку механизмот за цивилна заштита на ЕУ. Претходно Чешка на Македонија и донираше 1.000.000 хируршки маски.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Марија Ристевска
-
Силниот ветер откорна дел од кровот на средно училиште во Штип
-
Ветер од над 100 километри на час во штипско и битолско
-
Приватните превозници ќе се вклучат во сообраќај од понеделник, но бараат зголемување на тарифникот
-
Вински саем во Белград
-
Продолжува амандмантската расправа за предлог-буџетот
-
Се крои новогодишната кошничка
-
СДСМ утре на конгрес ќе бира ново партиско раководство