Доктори од Клиниката за неврохирургија и тимот за имунизација од Здравствен дом Скопје добитници на наградата „13 Ноември“ од областа на здравството
Одборот за доделување на наградата „13 Ноември“ на Град Скопје денеска спроведе тајно гласање, а потоа претседателката на Комисијата именувана од Одборот, Вангелина Мојаноска ги соопшти добитниците за 2021 година.
Од областа на науката, добитници се: проф. д-р Денко Малески и д-р. Емил Нијами, автор, лектор и преведувач.
Од областа на образованието и воспитанието добитник е проф. д-р. Мишо Докмановиќ.
Од областа на публицистиката добитник е Слободан Петровиќ.
Од областа на културата добитници се: Ирена Колиштрковска-Настева и Лилјана Пандева, писател, поет, прозаист.
Од областа на уметноста добитник е Емилија Џипунова.
Од областа на здравствената заштита, добитници се: тим за имунизација од КОВИД-19 при Здравствениот дом – Скопје и медицински тим на доктори кои ја изведоа првата операција во Република Македонија, имплантација на вагус нерв стимулатор, кај пациент со епилепсија отпорен на лекови.
Од областа на меѓународна награда добитник е Раде Шербеџија. Од ученици и студенти добитници се: Сандра Недановска, од правни лица Институтот за македонска литература – Скопје и општинското основно училиште „Кирил и Методиј“ и село Стајковци, Општина Гази Баба.
Наградата „13 Ноември“ на Град Скопје се доделува на физички и правни лица како знак на признание на Градот Скопје за остварувања во стопанството, науката, уметноста, културата, воспитанието и образованието, здравствената и социјалната заштита, спортот и физичка култура, техничката култура, заштитата и унапредувањето на животната средина и природата, како и во други сегменти на животот, трудот и творештвото, што претставуваат посебен придонес за развојот на градот Скопје и за неговиот севкупен напредок и афирмација во Република Севена Македонија и во светот. Наградата може да се додели и на физички и правни лица од други држави кои оствариле посебен придонес за Градот. Исто така, Наградата се доделува и на ученици и студенти за творечки труд или континуирани успешни постигнувања во наставните и во воннаставните активности што претставуваат посебен придонес за напредок и афирмација на Градот Скопје.
Ново на Сител
-
Поддршка за Стерјовски пред утрешните парламентарни избори во Албанија
-
ВМРО-ДПМНЕ со партиски кандидат ќе настапи на локалните избори за Град Скопје
-
Ахмети: Без хармонија меѓу заедниците, државата нема иднина
-
Патоказ за малцински прашања како можем компромис за спорот со Бугарија
-
Тошковски: Полицијата прибира докази за пожарот во „Пулс“
-
Нов марш на ангелите, родителите го повикаа Мицкоски во Кочани
-
Еколошка акција за чистење на дното на Охридско Езеро
-
Активисти за студентски права од Западен Балкан на форум во Скопје