Додик: Ќе се појавам на сослушување, но не во Сараево
Претседателот на Република Српска, Милорад Додик денеска изјави дека се уште не добил покана за сослушување од Обвинителството на БиХ поради организирањето референдум за Денот на Републиката во српскиот ентитет во Босна и Херцеговина.
Тој на прес-конференција во Бања Лука истакна дека нема да оди во Обвинителството на Сараево, но ќе се согласи да биде сослушан во секоја друга правосудна институција на територија на Република Српска.
Додик нагласи дека по добиените закани од бошњачкиот член на Претседателството на БиХ, Бакир Изетбеговиќ дека ќе ја има судбината на Моамер Гадафи, Садам Хусеин или Слободан Милошевиќ, не сака да го ризикува својот живот со заминување во Сараево.
Претседателот на Република Српска објасни дека заканата од Изетбеговиќ ја протолкувал како порака до сите екстремистички групи во БиХ и повик за негова ликвидација.
Ново на Сител
-
Мајмунски сипаници во Косово - Мали се шансите за пренес во Македонија
-
Тема на денот со Злате Мехмедовиќ
-
Тошковски изненаден што нема притвор за екс директорот на ЕСМ
-
Мицкоски: Обвинителството да открие зошто сум бил следен
-
СДСМ бара оставка од членката на антикорупциска Данка Ристовска поради судир на интереси
-
Тошковски: Не е утврдена вина кај полицаецот од Куманово кој го симна албанското знаме
-
Што сработе МВР во 2024
-
На вонредна седница на Влада ќе ги замрзнеме цените ако има нагло поскапување, рече Дурмиши