Доделени 46 нови ваучери за семејствата со новороденчиња во Кисела Вода
Општина Кисела Вода денеска додели нови 46 ваучери од по 6.000 денари за семејствата со новороденче од оваа општина.
Како што соопштија оттаму досега се доделени 1.698 ваучери. Проектот е дел од програмата од социјална сфера на општината, донесен по предлог на градоначалникот, а едногласно поддржан од Советот на општината.
Тој има за цел да им помогне на новите родители за првите потреби кои доаѓаат заедно со новороденчето. Ги опфаќа семејствата каде двата родитела се со живеалиште на територија на општина Кисела Вода, или едниот, во случај на самохран родител.
Заедно со барањето тие треба да достават на увид важечки лични карти или други исправи за лична идентификација, извод од матична книга на родените за новороденчето, како и фотокопија од трансакциска сметка. Рокот за поднесување на барањата е 90 дена, од моментот на раѓање на детето
Ново на Сител
-
СДСМ избира раководство
-
Тема на денот со британскиот амбасадор Метју Лосон
-
Унијата здруженија на медицински сестри реагира на договорот на ФЗО и ЗПЛРМ матични во мали места да работат без сестри
-
Преглед на вестите од светот
-
Нова Комисија, стари правила
-
Мицкоски: Не отстапуваме од црвените линии
-
Попов: Постои само една Академија на науките и уметностите, тоа е МАНУ
-
Дигитализацијата како лек