До МОН досега пристигнале над 2100 пријави за сместување во студентски домови, конкурсот завршува утре
Над 2100 електронски пријави пристигнале до денеска во Министерството за образование и наука од студенти од втора до шеста година додипломски студии за сместување во некој од студентските домови низ државава во учебната 2024/2025 година.
Конкурсот беше отворен на 15 јули и истекува утре на полноќ. За оние што ќе бидат запишани во прва година на студии, аплицирањето ќе биде од 10 до 17 септември 2024.
Од МОН очекуваат дека утре ќе пристигнат голем број пријави, можеби и околу 500, со оглед на искуствата од минатите години дека за аплицирање се чека последниот ден. Сметаат дека ќе има легла за кандидатите што ги исполнуваат критериумите наведени во конкурсот, согласно кој за студенти од втора до шеста година студии на располагање се вкупно 3269 места во сите домови во државава.
Покрај нив, со конкурсот се предвидени и 1034 легла за бруцоши, за кои конкурсот ќе биде во септември, односно за сите студенти заедно на располагање се вкупно 4303 кревети во 11 студентски домови во Скопје, Битола, Охрид, Прилеп, Штип и Тетово.
Оваа академска година прием на студенти ќе нема во домовите „Стив Наумов“ и „Кузман Јосифовски-Питу“ во Скопје затоа што пролетта почна долго најавуваната реконструкција. Според планот, таа треба етапно да опфати девет државни студентски домови, а согласно договорот со изведувачот, реконструкцијата на овие два дома треба да заврши за една и пол година.
Од МОН наведуваат дека доколку интересот и бројот на апликации го надмине расположливиот сместувачки капацитет, на заинтересираните студенти кои ќе се пријават на конкурс ќе им се понуди сместување во студентскиот дом „Томе Стефановски-Сениќ“, каде што вкупно се планирани 370 места.
-Исто така, на располагање се и дел од ученичките домови кои не се пополнуваа целосно во изминатите учебни години, велат од МОН.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Биљана Митева, претседател на Македонско-Бугарска Стопанска Комора
-
Масовни протести во Белград по несреќата во Нови Сад: Српските служби ја продолжуваат истрагата
-
Расчистено убиството во Арачиново
-
Ризик од корупција и судир на интереси во Академијата за судии и обвинители?
-
Бизнисот на удар од корупцијата
-
Инспекторите ги чешлаат универзитетите
-
Се позачестени несреќите на планина
-
Виртуелна прошетка низ Трескавец