Бизнис
19. September 2018 - 18:57

До крајот на овој месец ќе почне рехабилитацијата на 30 тина патни правци

Нема доцнење во изградбата на патишата. Работите сега само се интензивираат. Најголем дел од овие инфраструктурни проекти се финансирани со пари од меѓународни институции каде тендерските постапки се подолги, па затоа на некои патишта работите почнуваат дури сега наместо да се гради во текот на летните месеци. До крајот на овој месе ќе почне рехабилитацијата на триесетина патни правци.

Рехабилитацијата на овие патишта чини педесетина милиони евра, дел од парите се од ЕБОР и Свтеска банка, а дел од ЈПДП. Паралелно со рехабилитацијата, тече и изгрдбата на двата автопати и четири ексресни и неколку регионални патишта. Надлежните се уверени дека до крајот на градежната сезона плановите за оваа година ќе бидат остварени.

Во програмата за рехабилитација е и скопската обиколница која настрада во големата поплава во 2016 година. Работите таму ќе бидат целосно завршени до март следната година.