До Еврокомисијата не пристигнало барање за суспензија на безвизниот режим со Албанија
Портпаролката на Европската комисија, Наташа Берто изјави дека Брисел е запознат со гласањето на холандскиот Парламент за суспендирање на безвизниот режим за Албанија, но дека до сега до него не е пристигнало такво барање, јави дописничката на МИА од Брисел.
– Има специфична процедура за механизмот за суспензија и до денеска не сме добиле никакво известување од ниту една земја членка со барање за активирање на механизмот, за која било од земјите кои имаат слободен визен режим, изјави Берто.
Вчера холандскиот Парламент се произнесе за суспензија на безвизниот режим со Албанија поради криминалните активности на албанската мафија во Холандија.
Берто додаде дека доколку пристигне формално барање од која било земја членка, Европската комисија „внимателно ќе го анализира, процени и одреди, во согласност со специфичната процедура и врз основа на сите податоци“, дали е потребно да се суспендира слободниот визен режим за Албанија.
Портпаролката потсети дека Европската комисија објавува редовен извештај за состојбата со визната либерализација во земјите од Западниот Балкан. Последниот извештај, објавен во декември 2018, констатираше дека сите земји од регионот продолжуваат да ги исполнуваат условите за слободно патување во Шенген зоната.
-Ги подготвуваме извештаите, кусо прокоментираа извори од Еврокомисијата, без дополнителни објаснувања.
Ново на Сител
-
Економијата тоне
-
Членовите на Судски не чувствуваат одговорност во пресрет на интерпелацијата
-
Сончогледот повторно се враќа на македонските полиња
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски очекува од Советот на јавни обвинители при одлучување за Коцевски да го слушнат гласот на граѓаните
-
Мицкоски очекува од Советот на јавни обвинители при одлучувањето за Коцевски да го слушнат гласот на граѓаните
-
Тема на денот со Методи Хаџи Јанев, воено политички експерт
-
Мицкоски: Ние сме усогласени со надворешната политика на ЕУ