До денеска напладне вкупно 1623 деца пријавени за вакцинација
Според податоците од националниот систем „Мој Термин“ до денеска напладне вкупно 1623 деца и млади од 12 до 18 години покажале интерес за вакцинирање. Тие во текот на утрешниот ден ќе добијат термин за вакцинирање, кое за нив ќе почне од понеделник. Вакцинирањето ќе биде во постојните вакцинални пунктови во градот кој го навеле при пријавувањето, информираа за МИА од Министерството за здравство.
Најголем број пријавени деца и млади, како што се посочува, има во Скопје и тоа во поликлиниките „Букурешт“ – 376, „Јане Сандански“ – 267, „Чаир“ – 101 и „Бит Пазар“ – 5.
Во Тетово се пријавени 103 деца, во Битола 99, Куманово 86, Охрид 76, Велес 70, Кавадарци 53, Гостивар 49, Струмица 43, Гевгелија 40, Штип 38, Струга 25, Неготино 15, Кочани 14, а во останатите градови бројките се под 10 пријавени. По две деца се пријавени во Вевчани, Демир Хисар и Македонски Брод, а по едно во Кратово и Македонска Каменица, потенцираат од Министерството.
Ново на Сител
-
Делумното затемнување на Сонцето видливо од поголемиот дел од Европа
-
На аеродромот во Вашингтон избегнат судир на патнички и воен авион
-
Бенон: Трамп може да оди во затвор доколку во Белата куќа влезе демократски претседател
-
Вардар славеше во Битола
-
Бројот на загинати во земјотресот во Мјанмар се искачи на 1.644, повредени се 3.408 луѓе
-
Ѓоковиќ: Многу сум благодарен што Меси дојде на мојот меч со семејството
-
Тешко повредена 21-годишна работничка во Кочани
-
Кралот Чарлс Трети упати сочувство до народот на Мјанмар поради жртвите во земјотресот