-->
-->
До 9 јануари ќе биде ратификуван договорот за Брегзит во Парламентот
-->
Британската Влада планира до 9 јануари да го ратификува договорот за Брегзит во Долниот дом, изјави вчера претседателот на Долниот дом, Џејкоб Рис-Мог.
Конзервативците на британскиот премиер Борис Џонсон освоија големо мнозинство на изборите минатата недела и не се очекува да се соочат со проблеми при ратификување на документот.
Пратениците денеска ќе почнат со дебати на таа тема, по што ќе одвојат уште три дена на договорот за Брегзит на 7, 8 и 9 јануари.
Ова ќе потрае околу три недели за ратификување на договорот од страна на Домот на лордовите, каде владата нема контрола врз агендата. Вообичаена практика е Горниот дом да не ги блокира политиките што се содржани во изборната програма на Владата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Ивица Боцевски
-
„Шопен под отворено небо“ во Градскиот парк
-
ДИК ги усвои конечните резултати: Гордана Силјановска Давкова е новата претседателка на Македонија
-
ВМРО-ДПМНЕ ги почна преговорите со коалицијата „ВРЕДИ“
-
Состанок на Европскиот фронт на ДУИ
-
ДИК во понеделник ќе ги разгледува приговорите за парламентарните избори
-
Мицотакис бара почитување на Преспанскиот договор
-
Тројца министри за здравство стануваат пратеници