До 13 часот одѕивот во Струга над десет, во Преспа 20, а во Вевчани скоро 23 отсто
Излезноста до 13 часот во Општина Струга е 10,15 отсто, во Ресен 20,4, а во Вевчани 22,8 проценти, соопштија претседателите на општинските изборни комисии.
Во Општина Струга, како што информира претседателот на ОИК Бледар Зиба, своето гласачко право го оствариле 6.138 лица од регистрирани 60.459 гласачи на 101 избирачко место.
– Изборниот ден тече во мирна, фер и демократска атмосфера. Досега не се регистрирани нерегуларности и нарушување на изборниот процес во Струга и Струшко, изјави Зиба.
Во мирна и демократска атмосфера се одвива гласањето за претседател и во Преспанскиот регион, каде, според претседателот на ОИК Кирил Тански, до 13 часот одѕивот е 20,4 проценти.
– Во Преспа до 13 часот во 50-те избирачки места, своето гласачко право го остварија 3.404 гласачи од 16.649 регистрирани во Избирачкиот список. Гласањето тече мирно и непречено, посочи Тански за МИА.
Во Вевчани пак, каде се гласа на три избирачки места излезноста е 22,8 отсто, односно од регистрирани 2.048 гласачи, 508 го оствариле своето гласачко право на вториот круг од претседатеслките избори, потврди претседателката на ОИК Параскева Кукоска.
Ново на Сител
-
Владата одлучи: 250 милони евра од унгарскиот кредит на располагање на стопанството
-
Утре ќе стигнат дел од дефицитарните лекови на Онкологија
-
Ќе останат ли без фактори за коагулација лицата со хемофилија?
-
Предложената концепција за гимназиско е на штета на учениците и наставниот кадар
-
Наместо ТOЕФЛ, за јавни функции ќе важи и Б2 сертификат за познавање странски јазици
-
Трошок за еден пензионер го покриваат речиси двајца вработени, над 200 лица во ПИОМ земале плата, а не оделе на работа
-
Македонец меѓу екстремистите од терористичката ќелија која планирала напад врз цивили
-
Оставка на српскиот премиер