Дипломи за втората генерација магистри од подружницата на Универзитетот „Франклин“ во Македонија
На втората генерација магистри на Универзитетот „Франклин“ од Охајо, кој соработува со универзитетот „Св. Климент Охридски“ од Битола, денеска свечено им беа врачени дипломи. Универзитетот „Франклин“ како странска високообразовна установа доби одобрение за вршење високообразовна дејност во Република Македонија во 2010 година.
Во втората генерација се 13 македонски магистри со американска диплома. Од нив пет добија целосна стипендија од 5.000 евра, тројца студенти добија стипендија од 2.500 евра, а останатите пет добиваа стипендија од „Франклин“ универзитетот во износ од 25 отсто од вкупните трошоци за студирање.
Во првата генерација магистри на подружницата на американскиот универзитет во Република Македонија беа 11 студенти, од кои МОН стипендираше пет студенти со по 5.000 евра.
Заменик-министерот за образование и наука Спиро Ристовски, кој денеска присуствуваше на свеченото доделување дипломи на втората генерација магистри, истакна дека како резултат на меѓународната соработка, вложениот труд и пренесеното знаење од врвни професори и експерти, новите кадри се висококонкурентни на домашниот и глобалниот пазар.
- Изминативе две години, под водство на врвни професори сте истражувале, сте се надградувале, сте учеле и бидете сигурни дека на долг рок оваа инвестиција ќе ви се исплати, истакна Ристовски пред магистрите, нагласувајќи дека МОН и во идниот период ќе спроведува мерки во насока на интернационализација на високото образование, затоа што на тој начин се зајакнува образовниот капацитет на државата, истакна Ристовски.
Тој апелираше магистрите да го применат стекнатото знаење, практики и вештини во македонскиот приватен сектор или во македонските државни институции.
На настанот присуствуваа и Сашо Коруновски, ректор на Битолскиот универзитет, Коди Кенл, претставник на Универзитетот „Франклин“ од Охајо, и Никола Димески, директор на МБА-студиите на подружницата на Универзитетот „Франклин“ во Македонија.
Ново на Сител
-
Како да ги искористите ваучерите за инвертер клими?
-
Тема на денот со Сања Божиновска, министерка за енергетика, рударство и минерални суровини
-
Прв пат во Македонија дијагностицирана ретка генетска болест „Фабри“ - Двајца пациенти се на терапија
-
Преглед на вестите од светот
-
Реформската агенда за ЕУ пред пратениците
-
Силјановска: Реален и рационален е оптимизмот за одблокирање на европската интеграција
-
Антикорупциска: Незаконско е назначувањето членови за УО на Академијата за судии и обвинители
-
ДКСК: Екс-министерката за култура на службено патување трошела буџетски пари за приватни цели