Македонија
17. October 2019 - 12:47

Дино Мерлин ќе ги забавува скопјани за Нова Година

Концерт на Дино Мерлин за Нова Година на  градскиот плоштад . 

За концертот градот ќе потроши 0 денари, бидејќи ќе биде платен од спонзорства.  

Балканскиот популарен пејач Дино Мерлин порача: " Се подготвувам за едно незаборавно и поразлично шоу.  Првиот впечаток за Скопје кој го имам е топлина ноншалантност и град полн со живот. Таа разноликост се чувствува и во мојот град по тоа сме братски градови .

Ќе ни биде задоволство и чест да имаме концерт за дочек новата 2020 очекувам повеќе од 50 000 посетители.

Срцата ни се отворени желбите се тука и ентузијазам. "Уште има кремен во овој стар упаљач " порача Мерлин.

Градоначалникот на Скопје најави Винтерленд и за оваа година на плоштадот. Одбележувањето ќе почне на 01.12.

 

Мирјана Давидовска