-->
-->
Димовски до СДСМ: Не може да правите што сакате, ова е Собрание и редот мора да се почитува
-->

Димовски додаде дека дневниот ред го виделе пред 5 минути кога почнала седницата и дека не е во ред координаторот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ да не биде известен што точно ќе се дискутира на седницата.
-Во најмала рака недостасува нормална комуникација за што се надлежни луѓето кои го раководат ова Собрание, Џафери и координаторите на владејачкото мнозинство, пратениците Митревски и Ејуп. Ниту јас сум информиран како некој одговорен на надлежно работно тело, ниту Мицевски е информиран дека се планира на денешната седница да се ставаат овие точки. Реагирам не дека не треба да се стават. Реагирам дека ова е уште еден симптом дека малце се залетува работата, истакна Димовски.
Тој потенцираше дека мора да се почитува редот на Собранието, нагласувајќи дека владејачкото мнозинство мора да се консултира со опозицијата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Денеска е Велики четврток, почнуваат велигденските празнувања
-
СДСМ обвинува за селективна правда за Кочани
-
ДЗР: 7,5 милиони денари потрошиле кандидатите за претседатели
-
Кос од Бугарија изрази надеж дека Скопје и Софија ќе го надминат спорот
-
Кои производи ќе бидат дел од просечната потрошувачка кошничка?
-
Вистинските пчелари во акција против фалсификаторите на мед
-
Охридското езеро во еколошка криза
-
Преглед на вестите од светот