Димитров и Коѕијас: Има напредок, но остануваат најтешките теми од преговорите
Постигнат е напредок за дел од прашањата кои се веќе созреани, а за дел се уште постојат разлики, изјави македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров по денешната средба во Охрид со неговиот грчки колега Никос Коѕијас.
Димитров кажа дека имале отворени и искрени разговори и оти првпат станало збор за временската рамка и за чекорите како да се имплеменира евентуалниот договор.
- Разговаравме без надмудрување, со разбирање на потребите на другиот. Како да ги ставиме настрана главните грижи на двете страни, рече шефот на македонската дипломатија.
Тој притоа кажа дека истовремено се одржала и средба на работните групи на двете министерства, на ниво на високи дипломати, кои врз основа на напредокот од разговорте во Виена го усогласуваат текстот за идната соработка во различни области. Дипломатите работат и на текст за спречување на иреднетизмот од двете страни и на делови од преамбулата на евентуалниот договор,
Коѕијас, од своја страна, потврди дека е направен напредок и на ниво на министри и на ниво на работни групи.
- Има напредок. Остануваат помалку теми за решавање, но тоа се најтешките. Денеска направивме позитивен чекор и се надеваме дека ќе направиме тешките проблеми да станат полесни. Се обидуваме да решаваме проблеми предизвикани во минатото и од други, рече Коѕијас.
Фото: МИА
Ново на Сител
-
Коалицијата „Европски фронт“ поднела тужба пред Управниот суд на решението на ДИК за прегласувањето во Желино
-
Македонските иселеници од Италија благодарни за честа искажана од претседателката Сиљановска Давкова
-
Претрес во Скопје, приведени двајца дилери
-
Мицотакис: Очекувам јасна изјава од новиот премиер дека името е Северна Македонија и ќе го користи во и вон земјата
-
Папата употребил навредлив термин за геј популацијата, Ватикан експресно се извини
-
Царинска управа на Србија: На преминот Прешево спречен шверц на черепи на девет дивокози и од волк
-
Средба на Мицкоски со Мануел Сарацин, потенцирана важноста за реформските процеси
-
Албанските медиуми: Африм Гаши нов претседател на Собранието на Северна Македонија, поддржан од победничката ВМРО-ДПМНЕ