Димитров: Aко утре тргнете некаде, не се знае дали ќе може да се вратите
Ситуацијата се менува од час во час, ако утре тргнете некаде, не се знае дали ќе може да се вратите, изјави вечерва министерот за надворешни работи Никола Димитров на заедничката прес-конференција со министерот за здравство, Венко Филипче за коронавирусот.
„Невообичаено е еден министер за надворешни работи да апелира да не се патува, но такви се состојбите. Мораме за ова да апелираме. Денеска на унгарско-српската граница околу 200 македонски граѓани беа заглавени и по комуникацијата со Романија и Бугарија, очекуваме утре наутро тие да се појават на македонскиот граничен премин Деве Баир“, вели тој.
Тој рече дека сега ситуацијата е непредвидлива.
Тој апелираше дека сега е време да се седи дома.
Вечерва Филипче соопшти дека има уште 5 заразени со коронавирус, а утре треба да се потврдат уште два случаи на луѓе кои се тестирани и се позитивни.
Ново на Сител
-
Скрининг или рана детекција на карцином на дојка
-
Инвестирање во капацитети и стручен кадар
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Горан Минчев, министер за јавна администрација
-
Затворена зоолошката во Скопје, потврден е „птичји грип“
-
Перински: Ќе се кандидирам за градоначалник на Скопје, ако анкетите покажат рејтинг
-
Затворена зоолошката во Скопје, има сомнеж за „птичји грип“
-
Георгиева: Не чека тешка иднина, најпогодени ќе бидат сиромашните