Македонија
7. October 2021 - 14:14

Димитриевски: Сите вложувања за подобрување на општината ги правиме за граѓаните

Независниот кандидат за градоначалник на Општина Куманово, Максим Димитриевски и дел од тимот кандидати за советници во идниот Совет на општината, утрово беа во посета на зелениот пазар, каде имаа можност да поделат промотивен материјал, да разговараат со граѓаните и да ги слушнат нивните потреби за подобро функционирање на градскиот пазар и целата општина.

– Заеднички со граѓаните дискутиравме за проектите кои имаме во план да ги реализираме по победата на локалните избори. Мило ми е што веруваат во нас и ни даваат поддршка, затоа што сите вложувања во однос на подобрувањата за наше Куманово, ги правиме токму за нив – граѓаните, изјави Димитриевски.