-->
-->
Дезинфекција на виталните објекти во Куманово
-->
На барање на Општинскиот штаб за заштита и спасување денеска во Куманово почна дезинфекција на виталните објекти во градот, Општата болница, Ургентниот центар, Центарот за јавно здравје, Центарот за социјални работи и други јавни објекти.
Во акцијата се вклучени припадниците на Армијата и тимови на ЈП„Чистота и зеленило” од Куманово.
- Благодарност до припадниците на Армијата, кои ургентно се отповикаа и учествуваа во акцијата, наведуваат од општина Куманово.
Општинскиот кризен штаб обезбеди и дополнителни заштитни одела и везири за тимовите за дезинфекција и тимовите за асистенција. Дел од везирите ќе бидат дадени на користење на Општата болница во Куманово.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка