Македонија
27. March 2020 - 14:25

Дезинфекција на виталните објекти во Куманово

На барање на Општинскиот штаб за заштита и спасување денеска во Куманово почна дезинфекција на виталните објекти во градот, Општата болница, Ургентниот центар, Центарот за јавно здравје, Центарот за социјални работи и други јавни објекти.

Во акцијата се вклучени припадниците на Армијата и тимови на ЈП„Чистота  и зеленило” од Куманово. 

- Благодарност до припадниците на  Армијата, кои ургентно се отповикаа и учествуваа во акцијата, наведуваат од општина Куманово.

Општинскиот кризен штаб обезбеди и дополнителни заштитни одела и везири за тимовите за дезинфекција и тимовите за асистенција. Дел од везирите ќе бидат дадени на користење на Општата болница во Куманово.