Девојче (14) починало од струен удар додека било во кадата со мобилен: Мајката предупредува, не ја правете истата грешка!
Медисон Кое (14) од Ловингстон, починала откако го користела мобилен телефон во када по што ја удрила струја. Полицијата ја објавила нејзината последна фотографија како предупредување за останатите.
Всушност, Медисон пратила фотографија на другарка од нејзиниот телефон приклучен на продолжен кабел само неколку секунди пред да почине од струен удар.
- Кога користите продолжен кабел за да можете да го користите својот телефон додека се бањате - напишала Медисон покрај фотографијата.
Иако според првичните информации според кои тинејџерката починала откако телефонот и паднал во кадата, откриено е дека телефонот сепак не бил главниот виновник. Наместо тоа, полицијата верува дека до трагедијата дошло откако Медисон го приклучила телефонот на продолжен кабел или додека го држела телефонот во кадата додека се полнел.
Нејзиното семејство се сложило во јавноста да се објави фотографијата за да се подигне свеста за опасноста од користење на електрични уреди во близина на вода, се со цел да не дојде до повторување на нејзината грешка.
- Бањата е место за туширање и лично време, вашите телефони не припаѓаат таму - рекла мајката на починатата тинејџерка.
Нејзината баба открила дека Медисон имала изгореници на рацете каде го држела телефонот.
Ново на Сител
-
Стартува Минхенската конференција - Ќе донесе ли трајно решение за руско-украинската војна?
-
Голем интерес од банките за унгарскиот кредит, сумата ќе надмине 250 милиони евра
-
Прва средба на Муцунски - Георгиев утре во Минхен
-
Правда ја почна постапката за разрешување на Коцевски
-
Нова истрага за криминал во РЕК Битола
-
Љупчо Палевски преку Минск планирал да избега во Русија
-
Пандов - Затворски полицајци со валкани значки ќе бидат зад решетки
-
Следната недела ќе се носат мерки за намалување на цените