Деветто издание на Скопје постер Фестивал
Деветтото издание на Скопје постер фестивал ќе се одржи од 21-ви до 30-ти ноевмри годинава во Музејот на Град Скопје, на тема „Криза на идентитетот“.
Младите надежи на графичкиот дизајн од целиот свет аплицираа на 9. Меѓународен студентски конкурс за плакат. Поттикот за избор на оваа тема, велат организаторите, е потребата од реакција против етничката, културната, верската, возрасната и половата подвоеност, следствено врз идентитетските прашања е фрлено поинакво светло.
Во првите три дена од Фестивалот ќе се организираат и тематски работилници.
Жирито е составено од експерти од сите гранки на графичкиот дизајн – илустратори, типографи, калиграфи, плакатисти. Меѓу нив се најдоа Мишел Буве од Франција, Фонс Хикман од Германија, Фин Нигард од Данска, Ришард Каја од Полска и Тони Васиќ од Македонија кои ќе одржат свои презентации и работилници на теми: дизајнирање на џез плакат, дизајнирање на социјален постер, дизајнирање на постер за промоција на Македонија како туристичка дестинација, информираа од Плакарт.
Интересот за овој конкурс е видлив преку поголемиот број пристигнати плакати, оносно 32% повеќе од минатата година и се поголем број на академии во рамки на своите академски програми го воведуваат и овој конкурс, истакнуваат од Плакарт.
Победниците, како што најавија организаторите, ќе бидат објавени на отворањето на 9. Скопје постер фестивал, на 21 ноември во Музејот на Град Скопје, кога ќе бидат отворени и други поставки, како што се изложбата на специјална селекција на плакати, плакати од победниците на минатогодинешниот конкурс, како и плакатите кои беа работени на работилници за овогодинешниот 9. Скопје постер конкурс.
Ново на Сител
-
САД со нови санкции кон Русија
-
Гутереш: Човештвото го ослободи злото од Пандорината кутија
-
Хамас и Израел постигнаа договор за прекин на огнот
-
ЈП Македонијапат: Сопствениците да ги отстранат возилата на патниот правец ски-центар Маврово-Бунец преку Никифорово и Леуново
-
Бајден: Беше животна привилегија да и служам на нашата нација
-
Претседателката Сиљановска-Давкова го прими специјалниот претставник на Норвешка за Западен Балкан, Еирик Матисен
-
Забраната за сообраќај на камиони укината на патниот правец Берово - Струмица
-
Професорите од Универзитетот во Ниш на пленум изгласаа прекин на работата и поддршка на студентите