Деветнаесетгодишно момче е рането во синоќешното пукање во Чаир
А.Б. (19) од Скопје, е лицето што синоќа беше повредено од огнено оружје на улицата „Цветан Димов“ во Чаир, откако во него било пукано од лице кое излегло од возило.
-Утврдено е дека повреденото лице е А.Б. (19) од Скопје, кој во службен разговор со полициските службеници појаснил дека додека се движел пеш по ул. „Цветан Димов“, од возило излегол Б.Б. и пукал кон него со пиштол неколку пати. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, соопшти денеска МВР.
Синоќа МВР информираше дека околу 20.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул. „Цветан Димов“ во Скопје имало повредено лице од огнено оружје, кое било пренесено во ГОБ „Св.Наум Охридски“ во Скопје за укажување помош. Според пријавеното, во повредениот било пукано од возило „пасат“.
Ново на Сител
-
Протест на вработените во дел од државните институции, бараат повисоки плати
-
Приватните специјализанти се уште чекаат на ветените вработувања
-
Коцевски: Приоритетите за предмети за корупција не се под влијание на власта или опозицијата
-
Судијка од Велес фалсификувала пресуда
-
Се слави Стара Нова година
-
Традиционални странчинарски игри во селото Мокриево под Беласица
-
Преглед на вестите од светот
-
Се затвори завесата на Вевчанскиот карневал