-->
-->
Деветгодишно дете од село Ларце повредено во судар на две возила кај Групчин
-->
Вчера во 15.40 часот на локалниот пат село Групчин-село Ларце, тетовско, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило ,,Форд Фокус“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од А.А. (64) од село Ларце и патничко возило ,,Мерцедес“ со германски регистарски ознаки, управувано од Џ.Џ. (28) од село Желино.
Во незгодата со повреди се здобило деветгодишно дете од село Ларце -сопатникот од возилото „Форд Фокус“.
Со друго возило момчето било пренесено во Клиничка болница Тетово и по укажаната лекарска помош било задржано на понатамошно лекување.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Тетово.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
МАЕИ и „Патриотското друштво“ поделија подароци и книги на македонски јазик за децата од неколку села во Пустец
-
Блумберг: Средба Трамп - Путин може да има веќе идната недела
-
Земјотрес со јачина од 5 степени регистриран во близина на Пелопонез
-
Поради магла намалена видливост до 30 метри од селото Лисец до Попова Шапка
-
Ердоган по средбата со Зеленски: Турција ќе биде идеалниот домаќин за можните разговори меѓу Русија, Украина и САД
-
Заканувачки пораки за Гаши
-
Владата го задолжила Министерството за правда да достави предлог за разрешување на јавниот обвинител Коцевски
-
ОЈО Штип обезбеди докази за злоупотреба на службената положба и малтретирање во вршење на служба