Детрез: Нема ништо спорно во тоа бугарската окупација на Македонија да се нарекува фашистичка
„Македонците одат предалеку во обидот да се разликуваат од Бугарите, а Бугарите одат предалеку во слепо негирање на македонскиот идентитет.Изградбата на македонската нација во ништо не се разликува од другите, вклучително и бугарската. Аргументот дека македонскиот јазик е „вештачки“ е бесмисленвели , вели белгискиот експерт за Балканот Рејмонд Детрез во интервју за бугарската редакција на „Дојче Веле“.
На прашањето во врска со тековниот политички спор меѓу Скопје и Софија и за тоа кој е во право и со кои позциии не се согласувате – на Северна Македонија или Бугарија, Детрез вели дека никој не е во право, а кој е во право, всушност не е важно.
-Важно е дека ниту „историската“ ниту која било друга „вистина“ не треба да влијаат на односите меѓу државите. Владите донесуваат политички одлуки и склучуваат меѓународни договори, додека историчарите и лингвистите имаат право да се расправаат. Историчарите не треба да им служат на политичарите. Политичарите не треба да наметнуваат одредени научни сфаќања на општеството или да ги натераат другите земји да прифаќаат одредени научни ставови како услов за меѓународна соработка. Особено кога станува збор за таква каприциозна наука како што е историјата.
Со кои позиции на Северна Македонија и Бугарија не се согласувам? Не можам да се согласам со таканаречениот „примордалистички“ пристап, според кој етничката група е историски формирана заедница на луѓе кои имаат заедничка територија за живеење, имаат заедничка историја, имаат заедничка религија итн. Бугарите веруваат дека Словените во Македонија бидејќи порано биле Бугари, не можат да бидат ништо друго освен Бугари, а Македонците мислат дека затоа што сега се Македонци, сигурно биле Македонци во минатото.
Македонците одат предалеку со нивните екстремни обиди да се разликуваат од Бугарите,а Бугарите со слепото негирање на македонскиот идентитет. Исто така, тешко ми е да ја прифатам „историзацијата“ на проблемите – тоа е потрага по решенија за тековните проблеми во далечното минато.Македонските обиди да се докаже античкото потекло на современите Македонци се смешни и само ги расипуваат односите со другиот суперчувствителен сосед склон кон „историски вистини“- Грција. Не треба да се дозволи спорот за Кирил и Методиј, двајца византијци од IX век, да ја попречува соработката меѓу две земји во 21 век, како и спорот за Самуил, кој е владетел на едно – без разлика дали е бугарско или македонско – лабаво и ефемерно кралство, каде што веројатно живееле повеќе Срби, Албанци, Грци и Власи отколку Бугари, и ако имало Македонци, тие биле многу незначителна бројка.Која е заканата за Северна Македонија ако признае дека Гоце Делчев има бугарско потекло? Што губи Бугарија ако прифати дека во Северна Македонија Гоце Делчев го нарекуваат македонски херој? Че Гевара е Аргентинец и Аргентинците со право можат да го сметаат за свој, но за Кубанците тој е кубански револуционер.
Ново на Сител
-
Кос: Очекувам Северна Македонија да го промени Уставот и после тоа навистина да го забрзаме процесот
-
Педесет и пет години постоење на Одделот за воздухопловни единици при МВР: Службата врши и хуманитарни мисии
-
Татко и син со мотор се судриле со „пасат“ на Ленинова
-
Верстапен: Немам цел да ги бркам Шумахер и Хамилтон, но ако се пружи шанса ќе атакувам на нивните седум титули
-
Две лица со оружје ограбиле казино во Илинден
-
Европратениците ја одобрија новата Европска комисија
-
Почувствуван земјотрес во Валандово
-
Европол разби меѓународна балканска мрежа за шверц на кокаин