Балкан
7. May 2018 - 18:13

Ова е монструмот кој уби мајка на три деца: Ја убил со нож пред очите на децата

И.Р (35) кој е осомничен за убиството на Јелена Г. е уапсен на само неколку метри од местото на трагедијата, дознава српскиот Курир.

Осомничениот е уапсен во шупата, на неколку метри од куќата во која ја убил невенчаната сопруга. 

Полицијата како што дознава курир.рс го повикал сопственикот на шупата бидејќи му било сомнително што не може да влезе во помошниот објект, бидејќу вратата била заклучена одвнатре. 

Сопственикот на шупата ја повикал полицијата, тие ја обиле вратата која одвнатре била блокирана. 

Осомничениот за време на апсењето не давал никаков отпор. 

По налог на Вишото јавно обвинителство, на осомничениот му е одредено задржување до 48 часа и тој со помош на кривичната пријава ќе биде приведен.

Потсетуваме, 37-годишната Јелена Г е убиена околу полноќ во семејната куќа пред очите на децата. Таа е пронајдена мртва во својата куќа и наводно со нож неколку пати била избодена до смрт.