-->
-->
Детенце по тешки повреди од петарда остана без двете дланки
-->
Четиринаесетгодишно момче остана без двете дланки по тешките повреди добиени од петарда. Лекарите морале да му ги ампутираат двете дланки, потдврдуваат од љубљанскиот клинички центар.
-Момчето има повреди на лицето, очите и слухот, а повредите на рацете беа толку тешки што моравме да му ги ампутираме двете дланки, стои во соопштението.
Несреќата се случила во детската соба на момчето, каде што си играло со забранети пиротехнички средства и предизвикало експлозија на посилна петарда.
Лекарите велат дека пациентот е свесен и во стабилна состојба, но последиците ќе ги чувствува целиот живот.
-Кандидат е за пресадување. Го чекаме напредокот на медицината, велат лекарите.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и надворешна трговија
-
Фрчковски злоупотребил стотици илјади евра буџетски пари
-
Мицкоски: Повеќе отстапки нема да правиме
-
Наместо обвинувања, партиите да понудат решенија за поткрепа на судството
-
Гаши не открива кога Законот за интонирање на химната во училиштата ќе се најде на пленарна седница
-
Од утре ,,Новогодишна кошничка''
-
Граѓаните се надеваат, но не очекуваат намалени цени
-
Во Нефрологија годишно се прават 16.000 хемодијализи