Детектор анкета: Мнозинството граѓани задоволни од условите кои им ги понудија банките во корона кризата
Повеќе од половина од граѓаните велат дека се задоволни од условите кои комерцијалните банки им ги понудиле како помош во справување со последиците од корона кризата, покажува последното истражување на јавното мислење кое за Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје.
53,3% од граѓаните велат дека се задоволно од мерките и понудите на банките за време на кризата додека 24% велат дека не се.
Сепак, анкетата не покажува значителен раст на задолжувањето. Само 4,7% од анкетираните граѓани велат дека во овој период аплицирале или планираат да аплицираат за кредит во банка, додека 80.7% велат дека не го сториле тоа.
Истражувањето на јавното мислење по нарачка на Детектор телефонски го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје врз репрезентативен примерок од 1123 испитаници во периодот од 21 до 24 април со маргина на грешка од плус-минс 3%.
Ново на Сител
-
Делегација на ЕУ донира 6 еколошки автобуси на ЈСП
-
Владата очекува конструктивна средба Сиљановска-Филипче
-
80 години од прогласувањето на македонскиот јазик како службен
-
„Мојот антикорупциски дневник“ - Младите против корупцијата преку едукација и отпорност
-
Хотелиерите оптимисти околу изградбата на автопатот
-
Преглед на вестите од светот
-
Банките чекаат официјален допис, бизнисот условите за унгарскиот кредит
-
Тема на денот со Петар Арсовски