Дескоска: Грчкото министерство за правда сѐ уште без одговор на барањата за екстрадиција на Грујевски и Бошковски
Министерството за правда на Грција сѐ уште е без одговор на барањата за екстрадиција на Горан Грујевски и Никола Бошковски, што се клуч во судскиот процес, вели за ethnos.gr, министерката за правда Рената Дескоска од Солун, по учеството на првиот Регионален форум во Солун, јави дописничката на МИА од Атина.
-Неколку пати официјално го испративме нашето барање до Министерството за правда на Грција, но не добивме никаков одговор од грчкиот министер. Последен пат кога испративме документ беше минатиот ноември, а се очекува одново да го поставиме прашањето до грчките власти. Двајцата се клуч за судскиот процес на Груевски, вели Дескоска за ethnos.gr.
Во мај минатата година, Врховниот суд на Грција, повикувајќи се на амнестијата од претседателот Иванов, го одби барањето на македонските власти за екстрадиција на Горан Грујевски и Никола Бошковски.
Ново на Сител
-
Управниот суд одби 3 жалби на Европскиот фронт - вечерва одлучува по уште 4 жалби
-
Во Скопје почна одбележување 50 години од формирањето Француски институт во Македонија
-
Тема на денот со Васко Наумовски
-
Управен суд одби една од тужбите на Европски фронт, за другите одлучува
-
Зафировски: Зборувањето е лесно, треба да се сработи, за да оди државата напред
-
Тинекс одбележа 30 години постоење
-
Управен пред одлука
-
ДИК се пожали на притисоци, членовите стравуваат за сигурноста