Десетта седница на Владата
Владата денеска напладне ќе ја одржи 10. седница.
Согласно предложениот дневен ред се очекува на владината седница да се расправа за одредени состојби и напредок во процесот на европската интеграција, степенот на користење и имплементација на фондовите од ЕУ, како и за статусите на реализација на приоритетите на Македонија за влез во НАТО и на Рамковниот договор, соопшти владината служба за информирање.
Владата ќе расправа и за Информацијата за преземените активности за реализација на проектот за поддршка на преработувачката индустрија, а ќе бидат разгледани и повеќе информации за тековни активности од областа на угостителството.
Според најавата, на владината седница треба да бидат разгледани и повеќе иницијативи од интерес на граѓани и здруженија, како и кадровски и други прашања и предлози.
Ново на Сител
-
Со пакет од четири закони до департизација на јавниот сектор
-
Здравството пред колапс - Инфективна без доволно кадар
-
Дали дијабетичарите ќе останат без терапија?
-
Град Скопје ја објави програмата за Нова Година
-
Хуманитарна акција
-
Преглед на вестите од светот
-
СДСМ: Да се повлече законот за основно образование
-
МВР ги претставува резултатите од сработеното