Десет милиони евра повластени средства за инвестиции на МСП
Охридска банка - Сосиете Женерал и Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) денеска потпишаа договор со кој на малите и средни претпријатија во Македонија им се ставаат на располагање 10 милиони евра повластени кредити за инвестиции.
Како што рече министерот за финансии Драган Тевдовски, кој присуствува на потпишувањето, оваа кредитна линија претставува ликвидносна инјекција која ќе придонесе за придвижување на малите и средни претпријатија (МСП). За 15 отсто од инвестициите тие ќе добијат поврат на средствата во форма на гранд од ЕУ.
- Кредитната линија се реализира преку Програмата за поддршка на конкурентноста и иновативноста и е стимул за вложување во нови производни капацитети и отворање нови работни места, нагласи министерот.
Повикувајќи се на статистичките податоци, Тевдовски потсети дека 99 отсто од вкупниот број фирми во Македонија се мирко, мали и средни претпријатија. Тие се носители на 75 проценти од работните места и креираат околу 65 отсто од додадената вредност во Бруто-домашниот производ.
- Ако се земе ова предвид може да се заклучи дека малите и средни претпријатија се `рбетот на економијата. Затоа приоритет на Владата е нивна поддршка и подобрување на пристапот до финансии, потенцира Тевдовски.
Програмата за поддршка на конкурентноста е проектирана на 30 милиони евра, од кои шест милиони се грант од ЕУ.
Ново на Сител
-
Може ли Скопје преку Вашингтон да најде пократок пат до Брисел
-
Службен весник ги објави одлуките за замрзнатите цени и маржи
-
Уставен суд поведе иницијатива по предлог на обвинителката Ленче Ристовска
-
Тема на денот со Максим Димитриевски, лидер на ЗНАМ
-
МОН ги објави конкурсите за стипендии во странство, од оваа година под нови услови
-
Уставен суд поведе иницијатива по предлогот на обвинителката Ленче Ристовска
-
Случајот со обвинителот Коцевски под лупа на САД, Правда го подготвува предлогот за разрешување
-
СДСМ: Процес на партизација наместо реформи