Десет кандидати за нов тренер на Рома
Раководството на Рома, како што јавуваат италијанските медиуми, разгледува список со имиња на десет кандидати за тренерското место кое остана празно, откако римскиот клуб вчера му врачи отказ на хрватскиот стратег Иван Јуриќ.
Меѓу фаворитите за нов тренер на Рома се Масимилијано Алегри и Роберто Манчини, но постои опција и за враќање на поранешниот тренер на „волците“ Руди Гарсија, пишува „Кориере дело Спорт“. Французинот ја предводеше Рома до две последователни втори места за време на неговиот прв период на стадионот Олимпико помеѓу 2013 и 2016 година.
Како можни наследници на Јуриќ се споменуваат и Един Терзиќ, Френк Лампард и други.
Рома го отпушти Јуриќ по вчерашниот пораз на домашен терен од Болоња со 2-3 во Серија А. Ова е втора тренерска смена во Рома, откако тимот се раздели со Даниеле Де Роси по четвртото коло.
Ново на Сител
-
Протест пред Град Скопје, граѓаните се револтирани од јавниот превоз
-
Шекеринска на средба кај Сиљановска
-
Преглед на вестите од светот
-
Денот на албанската азбука – Честитки и превирања
-
ВМРО-ДМНЕ бара извинување од Апасиев по инцидентот
-
За повисок економски раст треба повеќе да се штеди, помалку да се троши
-
Зајкова бара укинување на банкарските провизии
-
Таравари и Мемеди на една страна, ДСЗИ на друга за надзорите на Детска