Денови на мексиканскиот филм во Кинотека на Македонија
Од 1 јуни до 3 јуни во термините од 20 часот во Кинотеката на Македонија ќе бидат прикажани три филмa од поновата мексиканска продукција.
Станува збор за филмовите „Животот потоа“ од 2013 година во режија на Давид Паблос, „Почетокот на времето“ од 2014 година во режија на Бернардо Арељано, двата од жанрот драма. На програмата е и акционата авантура „Одвоен ветар“ од 2014 година во режија на Алехандро Гербер Бичечи.
Дополнително ќе бидат обезбедени и уште два репрезентативни насловa од мексиканската кинематографија, информираат од Кинотека на Македонија.
Мексиканската е една од најплодните филмски индустрии во Латинска Америка. Серијата неодамнешни оскаровски победи на режисери како Алфонсо Куарон и Алехандро Гонзалес Ињариту, високо го позиционираа мексиканскиот филм на светската мапа што придонесе за поплава од различни продукции на годишно ниво.
Мексиканските филмови се дел од проектот „Ревија на светските кинематографии“, што се реализира со продуцентската и дистрибутерска куќа „КТ Филм & Медиа“.
Ново на Сител
-
Црн чад секојдневно се шири од палење на отпад во кругот на „Ранка Милановиќ“
-
Секоја втора сметка за вода во Гевгелија не е наплатена
-
Пуштена во употреба експресната делница Градско – Дреново
-
Протест на вработените во дел од државните институции, бараат повисоки плати
-
Приватните специјализанти се уште чекаат на ветените вработувања
-
Коцевски: Приоритетите за предмети за корупција не се под влијание на власта или опозицијата
-
Судијка од Велес фалсификувала пресуда
-
Се слави Стара Нова година