-->
-->
Денеска е Св. маченици Теопемпт и Теона
-->
Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 5 јануари.
Денеска е Св. маченици Теопемпт и Теона.
Свети Теопемпт беше епископ на Никомидија во времето на Диоклецијан. Кога овој ја дополни редицата царски закони против христијаните со свој едикт, епископот се најде во затвор. Беше ставан на маки цели 22 дена, но за чудо на сите остануваше неповреден. Сметајќи дека тоа се должи на некоја магија, мачителите повикаа еден пагански жрец Теона. Овој му даваше на Теопемпт да пие проверени смртоносни отрови, а откако виде дека епископот и тогаш останува неповреден, се обрати и поверува во Христа. Двајцата беа затворени и набргу погубени. На свети Теопемпт му беше отсечена главата, а свети Теона жив го закопаа.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Убедливо водство на Силјановска
-
ОБСЕ/ОДИХР ги објави првичните резултати за првиот круг претседателски избори
-
Хроника на изборни нерегуларности за првиот круг на претседателските избори
-
Анализа на првиот круг од претседателските избори
-
Убедлива победа на Силјановска во првиот круг, Пендаровски најавува продолжување на европската агенда
-
Груби со куфер од пред Општина Чаир побара да си одат четворицата претседатели од албанската опозиција
-
Таткото на Вања Ѓорчевска оди во куќен притвор
-
Таткото на Вања повторно бара слобода од Врховниот суд