Дендиас и Блок разговарале за ЕУ перспективата на Македонија и Албанија

Европската перспектива треба да се охрабри и претставува единствен пат за стабилност, безбедност и просперитет на регионот, рече министерот за надворешни работи на Грција, Никос Дендиас по средбата со шефот на холандската дипломатија Стеф Блок и додаде дека внимателно ги слушнал ставовите на неговиот колега од Холандија „проучувајќи начини за да се создадат услови во Европската унија за да двете земји да одат напред”, јави дописничката на МИА од Атина.
На денешната средба во грчкото МНР, Дендиас рече дека го известил Блок за неговото патување во Македонија и вонредното, поради земјотресот, во Албанија и истакна дека станува збор „за две земји кои чекаат на прагот на заедничкото семејство- Европската унија”.
- Нивната европска перспектива, како и европската перспектива на другите земји од регионот треба да се охрабри. Претставува единствен пат за зајакнување на безбедноста, стабилноста и просперитетот на нашето соседство. Внимателно ги слушнав ставовите на мојот колега и проучувајќи начини за да се создадат услови во Европската унија за да можат овие две земји да одат напред кон следниот чекор, секако со строг предуслов, исполнување на критериумите во нивниот реформаторски тек. Тоа е жива дискусија која што ќе ја продолжиме, рече Дендиас по средбата со Блок.
Ново на Сител
-

Брвеница ќе избира градоначалник во втор круг: Радичевски пред Јахиј во првиот
-

Радичевски со најмногу гласови на предвремените избори во Брвеница
-

Мицкоски: СДСМ во Брвеница е декласиран од граѓаните
-

Партијата „Вреди“ не обезбеди пласман во втор круг од предвремените избори за Брвеница
-

Локални избори во Брвеница: Радически води со 1.145 гласови, пред Хусеини со 618
-

Затворени гласачките места во Брвеница
-

ДИК: До 17 часот излезеноста во Брвеница 39,34 проценти, гласале 6.392 граѓани
-

Повторно иницидент на аеродромот во Лајпциг - пробиена заштитната ограда
