-->
-->
Ден на жалост во Тетово
-->
Во Тетово денеска и утре е ден на жалост.
Одлуката ја донесе вчера Советот на Општина Тетово по завчерашното силно невреме во Тетовско во кое починаа четири лица, едно девојче се води за исчезнато, а најмалку 11 се повредени.
Во невремето починаа Х.Ф. (83) и А.М. (14) од Шипковица, А.И. (7) од Тетово и Р.А. (15) од Шипковица. Причинета е и голема материјална штета на приватни и државни имоти, објекти, инфраструктура, земјоделски земјишта, .... Над 200 објекти, според првичните информации, се значително оштетени. Висината на штетите ќе ја проценува Комисија формирана од Владата, со чија одлука погодените семејства ќе добијат еднократна парична помош од по 30.000 денари.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Засилени контроли на скопските улици
-
Тема на денот со Слободан Трендафилов, претседател на ССМ
-
Засилени контроли на скопските улици
-
Преглед на вестите од светот
-
Интереплација на власта за членовите од Судски што ги избрало Собранието
-
Судски совет ќе испитува грешка кај судијката која за продажба на дрога одредила казна поправен дом
-
Објавени огласи за 47 обвинители и 50 судии: Ќе се пополни ли дупката во обвинителствата?
-
Притвор 30 дена за екс директорот на СОЗР Пеце Мирчевски