Ден на воздухопловниот ВИНГ
Вицепремиерот и министер за одбрана Радмила Шекеринска денеска ќе се обрати на свеченоста по повод одбележувањето на 10 Јуни – Денот на воздухопловниот ВИНГ.
Во рамки на свеченоста во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец, доколку дозволат временските услови, е предвидена демонстрација на летање од страна на авијацијата на Армијата, како и прелет на авионите Ф-16 кои го изведуваат редовното воздушно патролирање на НАТО над нашата територија кое почна со нашето полноправно членство, а кое согласно техничкиот аранжман го реализира военото воздухопловство на Република Грција.
Надлетувањето над Скопје со група на воздухплови, како што е најавено, ќе се одржи од 12 до 13 часот. Групата ќе биде формирана од девет воздухоплови и е планирано да лета во формација 3-2-2-2 и тоа: три хеликоптери Ми-17 – водител на група, два хеликоптера Ми-24, два хеликоптери Bell-206 и два авиони ZLIN-242L.
– Се надеваме дека граѓаните на Град Скопје ќе уживаат во прелетот на воздухопловите на Армијата на Република Македонија. Од името на сите припадници на Воздухопловниот ВИНГ, во време на светската пандемија од КОВИД-19, на граѓаните на Република Македонија им посакуваме да останат во добро здравје и ведар дух, да ги почитуваат препораките за заштита, а на сите заболени им посакуваме поскоро оздравување и закрепнување, стои во писмената изјава на мајор Сашо Павловски.
Ново на Сител
-
Љупчо Палевски Палчо екстрадиран од Турција и сместен директно во Истражниот затвор во Шуто Оризари
-
Тема на денот со Горан Илијевски - Партија на Македонците во Србија
-
Атентат врз словачкиот премиер
-
Флекс кредит и СОС Детско Село заедно за Денот на семејството
-
Предизборниот и постизборниот период продуцира економска криза, сметаат економистите
-
Со нож и се заканија на претседателката на Уставен Кацарска
-
Запален службениот автомобил на директорот на Идризово- оштетена и блиската зграда
-
Уставен го одби барањето на судиите да го врати коефициентот за повисоки плати