Делегација од Нанчанг во посета на Скопје
Скопје и Нанчанг се збратимени 31 година и имаат богата историја на успешна соработка во многу области. Ова денеска го истакна скопскиот градоначалник Коце Трајановски, кој се сретна со делегација од збратимениот град Нанчанг, Народна Република Кина.
Делегацијата од Нанчанг е предводена од Веи Гуохуа, заменик- директор на Извршниот комитет на Народниот конгрес на Нанчанг, а во делегацијата има претставници од локалната и од регионалната власт од областа на меѓународната соработка, културата и односите со јавноста.
- На средбата разговаравме за соработката меѓу двата града, која е добра, како и за повеќе форми за продлабочување. Годинава планираме делегација од Скопје да го посети Нанчанг, а како потенцијални области за развивање на соработката се економијата и туризмот, потенцира градоначалникот Трајановски.
Нашите гости, како што истакна, ги запознавме со развојот и историјата на градот, со можности што се нудат за туристите и со можностите за финансирање во Скопје и во Македонија.
Тој информира дека во Скопје втора година се одбележува Кинеската Нова година со настап на културно-уметнички ансамбл од Нанчанг.
Веи Гуохуа упати покана до скопјани да ја посетат Кина и Нанчанг.
Во Македонскиот народен театар вечер, со почеток во 19:30 часот, по повод Кинеската Нова година ќе се одржи музичка и танцова претстава на културниот ансамбл од Нанчанг.
Ново на Сител
-
Во владината коалиција се разговара за промена на државниот грб
-
Тема на денот со Благоја Пандовски, претседател на Транспаренси
-
Уставен поведе постапка за оценување на уставноста на измените на КЗ
-
Премиерот го повика државниот обвинител сам да поднесе оставка
-
Членовите на Судски совет прво ќе анализираат па дури потоа ќе кажат дали ќе си поднесат оставка
-
Доживотен затвор за убиецот на штипјанката Емилија Пешева
-
Без тапани, со економска поддршка ќе се бранат Македонците во Албанија
-
Пропадна обидот за намалување патни трошоци