Дела од ликовната колонија „Карпино 2016“ на изложба во Виница
Во фоајето на Домот за култура „Тошо Арсов“ во Виница денеска беше отворена изложба на слики од 14. Меѓународна ликовна колонија „Карпино 2016“, на која се претставени 24 дела од уметници од повеќе држави.
Тие учествуваа на колонијата која ја организира Мултимедијалниот центар „Карпино“. Делата се работени во класична и во комбинирана техника.
- Оваа година ја очекуваме 15-тата колонија, за нашиот јубилеј имаме 200 до 250 слики. На 14-тата ликовна колонија имаше над 30 изработени дела, а тука се изложени 24. Секоја година гледаме да ја унапредиме и да ја надградуваме колонијата, истакна Зоран Павловски од Мултимедијалниот центар „Карпино“.
Делата од оваа ликовна колонија во Виница ќе бидат изложени до 20 февруари. Отворањето на изложбата денеска беше збогатено со музички настап на учениците од Школата за гитара.
Ново на Сител
-
Миле Јанакиески излегува од затвор
-
Петок пред Духовден, 21 јуни, неработен ден за граѓаните од православна вероисповед
-
Претрес во Битола, пронајдена дрога, приведено едно лице
-
Нетанјаху ја распушти воената влада
-
Приведен криумчар на мигранти
-
ЈП „Комунална хигиена“: Масовно непрописно исфрлање отпад во близина на контејнерите во Скопје
-
Активен пожар во Негорци, регистрирани 15 пожари на отворено во изминатото деноноќие
-
198 санкционирани возачи во текот на изминатиот викенд на подрачје на СВР Битола, 84 за брзо возење