Дефиле на олдтајмери „Пежо 404“ во Скопје
За одбележување на „Денот на Пежо 404“, денеска во Скопје се одржа мало дефиле со автомобили од оваа ретка марка.
Според организаторите Македонскиот клуб „Пежо 404“, дефилето е во знак на нивно вклучување во светската мрежа на настани насочени кон зачувување на Светското културно и технолошко наследство.
- Македонскиот клуб Пежо 404, кој е неформален и составен од неколку сопственици на ова ретко и скапоцено возило, кое сведочи за нивото на култура и статусот на нашата земја во минатото. За ентузијазмот и напорите за нивно одржување во технички исправна состојба редовно добиваме признанија од дома и од странство, вели Деан Шкартов, член на клубот.
На дефилетот учествуваа осуммина сопственици на возила од марката „Пежо 404“ произведени помеѓу 1968 и 1973 година кои тргнаа од дворот на ЕУРОИМПЕКС ДООЕЛ, а завршија пред кафулето „Манда“. Учесниците ги поздрави и директорот на Францускиот културен центар
Автомобилите на Пежо се вбројуваат во малата група на најдобри во историјата на автомобилската индустрија, а моделот „404“ е своевидно ремек дело во проектирањето на техничките решенија, дизајнот, изведбата и квалитетот, наведуваат од Клубот љубители на овој олдтајмер.
Ново на Сител
-
Трговците разочарани, за ССМ и ОПМ владините мерки кои ќе ја поевтинат храната, се добри
-
Коцевски: Ако јас имам дисциплинска повреда, нека ме разрешат
-
Над илјада производи ќе се продаваат со замрзнати маржи до крајот на април
-
Тема на денот со Фатмир Битиќи, пратеник од СДСМ
-
СДСМ бара власта да ги прифати нивните мерки
-
Коцевски: Ако имам дисциплинска повреда, нека ме разрешат
-
Новите камери на Сејф сити ќе регистрираат прекршоци од 1 јануари следната година
-
Се замрзнува цената на дел од основните производи