Деца од семејства со социјален ризик од Дебар и Центар Жупа на бесплатен одмор
Поволноста што ја дава владинот проект за бесплатен одмор за деца од семејства во социјален ризик и социјално загрозени семејства во изминатите неколку години ја искористиле над 40 деца од општините Дебар и Центар Жупа.
Директорот на Меѓуопштинскиот центар за социјална работа во Дебар, кој со својата активност ја покрива и општина Центар Жупа Крешник Пачуку, информира дека благодарение на проектот бесплатен летен одмор за деца од семејства во социјален ризик и социјално загрозени семејства одреден број деца од општините Дебар и Центар Жупа, како и изминатите години и ова лето ќе може да одат на бесплатен летен одмор.
- Во изминатите четири години, од 2013 кога почна да се спроведува проектот, од споменатите општини, во просек по десет деца биле на летен одмор, изјави Пачуку.
Децата, оценува Пачуку, се многу задоволни зашто дел од нив за првпат имаат можност да одат на одмор, се запознаваат и другаруваат со деца од сите делови на Македонија, учат да пливаат, со еден збор минуваат прекрасен седумдневен одмор.
Тој упати апел до семејствата во социјален ризик да достават барања на објавениот оглас, кој завршувува на 20 јуни.
Ново на Сител
-
Миле Јанакиески излегува од затвор
-
Петок пред Духовден, 21 јуни, неработен ден за граѓаните од православна вероисповед
-
Претрес во Битола, пронајдена дрога, приведено едно лице
-
Нетанјаху ја распушти воената влада
-
Приведен криумчар на мигранти
-
ЈП „Комунална хигиена“: Масовно непрописно исфрлање отпад во близина на контејнерите во Скопје
-
Активен пожар во Негорци, регистрирани 15 пожари на отворено во изминатото деноноќие
-
198 санкционирани возачи во текот на изминатиот викенд на подрачје на СВР Битола, 84 за брзо возење