Македонија
27. September 2019 - 8:45

Дебата за спроведувањето на Законот за заштита од дискриминација

Мрежата за заштита од дискриминација денеска организира јавна дебата за предизвиците во спроведувањето на Законот за спречување и заштита од дискриминација.

На дебатата најавени се обраќања на повеќе претставници од невладиниот сектор, како Росана Богатинова од НВО „ХЕРА“, Александра Цветановска од Македонското здружение на млади правници и Драгана Дрндаревска од Коалиција „Маргини“.