Дебата за Преспанскиот договор и научените лекции

Панел дебата насловена „Договорот од Преспа – научените лекции за време на дипломатските преговори и меѓународната перспектива“ ќе биде одржана денеска во Министерството за надворешни работи.
Дебатата се одржува во рамки на Регионалната школа за дипломатија 2019:„Градење мостови преку решавање на конфликти во балканските држави“, што од 6 до 9 октомври ја организираат МНР и Фондацијата „Фридрих Еберт“ – Скопје со поддршка од Федералната Канцеларија за надворешни работи во Германија.
На дебатата ќе се обратат шефот на дипломатијата Никола Димитров, евроамбасадорот Самуел Жбогар и професорката Марилена Копа од Универзитетот во Атина и поранешен член на Европскиот Парламент.
Учесници на Регионалната школа за дипломатија се претставници на земјите од регионот, односно од земјите што го сочинуваат т.н. Берлински процес, како и претставници од невладиниот сектор. Регионалната школа за дипломатија 2019 претставува можност да се разговара за прашања што се битни за регионалната соработка, посебно младинската компонента на таа соработка. Тие прашања претставуваат позитивен предизвик за натамошното градење на мостови со цел надминување на предизвиците помеѓу земјите од регионот, зајакнување на улогата на граѓанското општество и на интензивирање на комуникацијата со државните институции. Во повеќе тематски панел-дискусии, ќе дискутираат бројни европски и национални експерти, како и креатори на политики, истражувачи и претставници од невладини организации.
Ново на Сител
-

Нов ценовник за горивата: Бензините ќе се точат поскапо, дизелот поевтино
-

Забраната за двојните државјанства заглави во комисиите
-

Муцунски уверува дека Македонија е се поблиску до ЕУ, од Брисел пораки дека земјава нема никаков напредок
-

Јане Ченто поднесе пријава против Русковска за 27 април
-

Избегната трагедија во Охрид – Параглајдер слета меѓу луѓе
-

Семејното насилство во пораст, зошто мерките не даваат ефект?
-

Центар за хронични рани и гангрени ќе се гради во состав на геријатрија „13 Ноември” - Скопје
-

Почна реконструкцијата на Универзалната сала
