-->
-->
Дебарската полиција заплени 700 килограми прехранбени производи без документација
-->
Полициски службеници при ОВР Дебар вчера при рутинска контрола во возило со бугарски таблици управувано од Н.С (46) од Охрид пронашле и одзеле140 кутии со прехранбени продукти во вкупна тежина од 700 килограми. Настанот е регистриран на регионалниот пат Струга-Дебар, а пронајдените продукти, според МВР, биле без соодветна документација.
По консултација со Јавен обвинител, возачот и еден сопатник во автомобилот биле приведени. За настанот биле информирани Државниот пазарен инспекторат и Агенцијата за храна и ветеринарство.
- По целосно документирање на настанот, ОВР Дебар ќе поднесе соодветна пријава. соопштија од МВР.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Протест пред Град Скопје, граѓаните се револтирани од јавниот превоз
-
Шекеринска на средба кај Сиљановска
-
Преглед на вестите од светот
-
Денот на албанската азбука – Честитки и превирања
-
ВМРО-ДМНЕ бара извинување од Апасиев по инцидентот
-
За повисок економски раст треба повеќе да се штеди, помалку да се троши
-
Зајкова бара укинување на банкарските провизии
-
Таравари и Мемеди на една страна, ДСЗИ на друга за надзорите на Детска