-->
-->
Деактивирана бомба од Втората светска војна во центарот на Берлин
-->
Германски експерти за експлозив денеска деактивираа бомба од Втора светска војна во центарот на Берлин, откако беше евакуиран дел од градот што ја опфаќа и главната железничка станица, една болница и Министерството за економија.
Британската бомба тешка 500 килограми заостаната од Втората светска војна, беше откриена во текот на градежни работи на почетокот на неделава.
Околу 10.000 лица, меѓу кои и локални жители, пациенти во болницата и службеници, беа евакуирани од 09:00 часот утринава од зградите во радиус од 800 метри од локацијата на која беше пронајдена бомбата.
Во Германија секоја година се откриваат повеќе од 2.000 тони неактивирани бомби и муниција заостанати од Втората светска војна.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Даштевски, претседател на ДИК
-
БРАКО претстави ново електрично возило за чистење
-
ДИК потврди - Во среда ќе се прегласува на 7 избирачки места
-
ДУИ со предупредувања од Мала Речица
-
Мицотакис со нови закани кон идната Македонска Влада
-
Прва официјална посета на Силјановска Давкова ќе биде во Ватикан и Рим
-
9 месечно бебе донесено во итната помош без знаци на живот
-
Полициска службеничка мамела социјалци за станови